fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Амди Бајрам: Не спијам, туку многу вредам, затоа постојано ме пишуваат и гледаат дури и кога ќе трепнам

Изминативе денови  фотографијата на пратеникот Амди Бајрам, на која што во Собранието седи со затворени очи се најде во повеќе медиуми. Пратеникот за Фокус вели дека не преспал, туку дека бил болен.

-Многу вредам, па затоа постојано ме пишуваат и гледаат дури и кога ќе трепнам! Јас секој ден во дневна болница, кој не верува може и да провери, со терапија, тешка бронхопневмонија, ама собрав сили и ги испочитував и НАТО и сите процедури. Да беше некој друг со мојата дијагноза, тешко дека ќе дојдеше во Собрание. Но, собрав сили, по четири часа на инфузија дојдов право во Собрание. Имав многу силно воспаление, но и тоа не ме спречи да дојдам на свечената седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО – вели Пратеникот за ФОКУС.

Текстот во целост на: Фокус.мк