fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Артан Груби до „комитите“: За такво однесување нема место во нашето ново општество

Артан Груби, првиот вицепремиер во новата Влада, вчера им порача на навивачите на Вардар дека за нивното однесување, како што вели тој, нема место во новото општество.

Ваквата реакција на министерот за политички систем следи откако Вардар вчера во македонското фудбалско првенство го совлада најлутиот градски ривал Шкупи со 1-0, а стотина „комити“ кои поради мерките против коронавирусот не можеа да присуствуваат на натпреварот, навиваа пред јужната трибина од националната арена за време на натпреварот во Скопје.

„Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот“, напиша Груби на Фејсбук по некое време откако заврши мечот.