fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Богојески избран за член на извршниот одбор на Macedonian American Alumni Association – MAAA

ФБ статус на промоторот на „Македонски концепт“, Петар Богојески.

Изразувам искрена благодарност до сите членови на Macedonian American Alumni Association – MAAA кои на вчерашната собраниската седница, преку тајно гласање со огромно мнозинство, ме избраа да бидам дел од Извршниот одбор на оваа организација, а особено на мојот противкандидат, господин Fitim Lloga за учеството во изборот!

Им честитам на изборот и на членовите на Надзорниот одбор Ognen JaneskiRozita Petrinska Labudović и Премислав Димовски!
Исто така им честитам на претседателката Verica Jordanova, членовите на ИО (Biljana SanevZorica Trajkova и Bashkim Ziberi) и на изборната комисија за одлично спроведената седница и избори за време на пандемија, каде беа спроведени и пропишаните протоколи.

Можноста ќе ја искористам за продлабочување на македонско – американското пријателство, лобирање за македонските национални интереси пред пријателите од САД, особено презентирање на пријателските политики на U.S. Department of State / U.S. Embassy North Macedonia кон сите наши граѓани!