fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Божиновски: Една од целите на Македонски концепт е „Жива Македонија“, доколку наталитетот не го победи морталитетот тогаш ние сме поразени

„Јас имам 29 години и сум повеќе од свесен дека Македонија е погодена од белата чума и таканаречениот одлив на мозоци, ова е така затоа што нема нормалност во државава. Не секогаш причината се парите и финансиите. Причината е да се најде место за нормален живот, место каде секој си ја гледа својата работа, место каде човек на човек гледа да му помогне, ако може, а при тоа не гледа да му одмогне и место каде не царуваат омразата и бесот туку место каде вледее разумот и идеологијата на здравиот разум. Едноставно младите бараат место каде нормално се живее. Пред нас како држава е мисијата младите да ја гледаат истата шанса за успех тука како во развиениот и цивилизиран свет и тоа не е така лесна и едноставна задача во вакви услови“, истакна за Поглед, кандидатот за пратеник Македонски Концепт во ИЕ 3, Љупчо Божиновски.

Божиновски потенцираше дека како држава ние имаме проект кој дава неповратни грантови на лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

„Тоа го поддржуваме, тоа го охрабруваме, но сметаме дека не е доволно. Поради тоа Македонски концепт има еден свој предлог проект кој може да им помогне на младите кои се охрабриле и кои сакаат да основаат свој бизнис. Тоа е проектот “Партнерство со младите“. Накратко државата инвестира во младите до 35 години кои сакаат да основаат свој бизнис, а инвестицијата си ја враќа преку заработка во бизносот без никакви камати. Инвестициите ќе бидат удели во таквите СТАР АП компании и по одреден период државата го продава уделот. Процесот ќе се следи со целосна логистика, со тоа ќе раководи професионална компанија, без админиснтративна бирокаратија. Конгтролата на успешноста на бизнис планот, ќе ја прават ревизорски и сметководствени бироа, специјално овластени за таа намена. Во случај на неуспех на еден проект комплетните ресурси матријални и човечки во кои се инвестирало до тој момент преку процес на трансформација ќе се стават на располагање на други успешни проекти, а со тоа загубите на држата ќе се сведат на некој минимум, истакна Божиновски.

Божиновски даде:

„Потребно е да работиме на тоа да претприемништвото кај младите биде врвна вредност, затоа што со тоа младите и возвраќаат на државата преку создавање на една нова генерација. Има ли поголем патриотизам од тоа? Тоа е врвна граѓанска и патриотска одговорност и тоа е лојалност.

Божиновски објасна и зошто тој останал да работи во родната Македонија.

„Јас сум останал во Македонија и сум основал сопствен бизнис, затоа што сакам да сум свој, затоа што сакам перспектива дома, сакам да останеме тука и затоа што сакам тука да творам, сакам тука да работам и сакам тука да создавам. Младите генерално не бараат ништо повеќе и ништо посебно, туку само фер шанса и можност да бида свои“, вели тој.

Друг предлог кој што го промовиравме како Македонски концепт е политиката во втор план и овој предлог на некој начин се надополнува со претходниот, затоа што една од целите на Македонски концепт е „Жива Македонија“, и доколку тука не живеат млади и не егзистираат среќни и просперитетни семејства и доколку наталитетот не го победи морталитетот тогаш ние сме поразени, категоричен е Божиновски.

„Ние мислиме дека младите заминуваат од политиката, затоа што во оваа држава се угушени од политика. Прв услов како до нормална држава е политиката да биде во втор план. Прво слобода и здравје па потоа политика.

Во прв план треба да биде квалитет на живот, слобода избор на професија и спортот. Редно е спортот да се промовира како превентивна здравствена заштита, а не само како хоби. Ние треба да градине култ на спортотви, а не култ на политичари. Спортот треба да биде на пиедесталот на македонското општество, и спортистите треба да бидат јунаци на македонската нација а не политичарите.

Ние предлагаме да се донесе закон за забрана на политичко влијание во спортот. Ова значи дека ниту политичарите ќе можат да се мешаат во спортот, ниту спортитете да можат да бидат политички активни се до тогаш додека се активни како професионални спортисти.

Мора да го деполитизираме македонското општество за да добиеме слободни граѓани, истакна Божиновски.

Изјавата од Љупчо Божиновски која ја даде за Поглед може да ја погледнете на овој линк.