fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Бугарија дозволи влез за македонските државјани, услов е негативен тест не постар од 72 часа

На пет држави меѓу кои и Македонија ќе им биде дозволен влез во Бугарија, само со негативен PCR-тест.

Како што соопшти бугарската влада, со приложен тест не постар од 72 часа, бугарската граница ќе можат да ја поминат државјаните на Северна Македонија, Србија, Молдавија, Израел и Кувајт.

Одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата.