fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Бугарија ја продолжи вонредната состојба до 15 јули поради новиот бран коронавирус

Бугарската влада донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули поради новиот бран коронавирус и зголемувањето на бројот на новозаразени, соопшти денеска бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев.

Бугарија неодамна ги олесни рестриктивните мерки, но минатата недела, поради 606 нови случаи, најголемото неделно зголемување на бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата, одлучи да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули.

фото:Архива