fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Бугарскиот шовинист Ангелче Џамбаски со напади кон Богојески

Бугарскиот шовинист и т.н. европратеник Ангелче Џамбаски, од кого се срами цела Европа, вчера преку неговата официјална фан страна на социјалната мрежа Фејзбук, жестоко го нападна Петар Богојески поради неговите ставови јавно да ја соопштува историската вистина и да ги заштити европските вредности на Балканот.

Очигледно на бугарските ултрашовинисти и продавачи на бугарски пасоши не им одговара политичкиот активизам и ставови на Богојески. Не им одговара вистината за Македонија и Бугарија.

Петар Богојески на ова им одговори со свој статус на ФБ, кој го пренесуваме во целост:

„Господин Красимир Каракачанов, нема потреба да се плашите од ТВ дуелот! Целта не е да шириме омраза, туку да ги разрешиме проблемите на транспарентен начин! Во недостаток на таа храброст, немавте потреба да го испраќате господин Џамбаски да одговара! Доколку Ви е потребна поткрепа и охрабрување, покрај Џамбаски, можете да ја викне и госпоѓата Екатерина Захариева на тој ТВ дуел! Јас доаѓам сам, во време и место кое Вие ќе го изберите! Омразата и заканите од соседна Бугарија не запираат! Јас го разбирам господинот Ангел Джамбазки дека не може да живее без омраза, тој таков јазик користи кон различни етноси во самата Бугарија, но Европската идеја не повикува на ничии корени, туку на заедничка иднина! Жално е што Бугарија има вакви европратеници, кои се чемер и јад за цела Европа! Ја разбирам желбата на некои луѓе да им служат на туѓи интереси во Бугарија и Македонија, но се надевам дека иднината и припаѓа на сериозни политичари кои ќе ги надминат старите страсти и јунаци! П.с. Ангелче, оште ли продавате това паспортите?!? Какво става в’в ДАБЧот?!?“

*ДАБЧ се мисли на Агенцијата за издавање на пасоши на Бугари во туѓина, која е под кривина истрага за криминал на екипата на Ангелчо Џамбаски!