fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Василеска: Охридското езеро не е збирка приватни бехатонски плажи и парапетчиња!

ФБ статус на Катерина Василеска, кандидат за пратеник за ИЕ 5 од „Македонски концепт“.

⛔Охридското езеро не е збирка приватни бехатонски плажи и парапетчиња!
🚫Охрид не е Лас Вегас па да ги прибере сите коцкари од околината!
❌ Галичица не е џипска патека за изживување, ниту касапница за дрва, ниту ловиште за убијци, туку редок еко-системи и дом на многу растенија, животинчиња, љубители на природата.
❓Зарем нашиот прекрасен Охрид, наместо да е рај за сите Македонци, и пред се прекрасен град за живот на самите охриѓани, да заврши како плен во устите на ненаситните хиени кои го демнат деноноќно❓
💛Охрид – е совршен за рехабилитација на болни. Значи наместо класични сезонски хотели кои работаат 4-5 месеци, треба да имаме рехабилитациони центри кои ќе работаат 12 месеци, и ќе нудат вработување постојано, стабилно и благородно, за различен вид убави хумани професии – лекари, негователи, физиотерапевти, киропрактичари, готвачи на здрава храна, земјоделци-производители, водичи.
🧡Охрид – прекрасен за културно музички меѓународни настани. По примерот на Охридскиот Хорски Фестивал.
❤️Охрид – идеален за спорт и спортски настани – убави луѓе ќе доаѓаат по примерот на Охрид Трчат,. Паралелно туризам и спорт. Повторно многубројни можности за работа за локалците и за сите Македонци кои би сакале да живеат Охрид.
💙Охрид – центар за истражувачи, научници, академици заинтересирани за културно – природно наследство. Кои ќе се ем туристи вон сезона, ем ќе носат нови идеи, нови луѓе.Ем ќе ни помогнат да ги разбираме и следиме предлозите од ИКОМОС, ИУЦН, УНЕСКО.
💜Охрид – враќање на филмската академија. И отворање на други гранки од познати светски универзитети како дел од нивната интернационална програма. Идеални сме за тоа.
❤️Охрид -ценет образовен центар за одржлив туризам,угостителство,гастроноимија. Целосна реформација на упропастениот Факултетот за туризам и создавање современ факултет-почитуван и привлечен и за странски студенти, по примерот на Филмската академија.
🌟Толку многу Охриди имаме и можеме.
Зарем треба да дозволиме, на сите овие варијанти, а ги има и мн други, Охрид да стане петпарачка дестинација за ефтин масовен туризам?
😈Охрид да биде претворен во градежен парк за грди зградурини кои зјаат празни?
🤮Охрид да биде претворен во парапетче?
☠️Во бетон?
🥺Во приватни плажи каде самите охриѓани ќе немаат пристап?
😳Во викенд населба, каде локалците мака мачат со празните згради?
Да се освестиме драги мои охриѓани, кому така лесно го препуштаме нашиот Охрид.
#занормаленохрид#занормалниплажи#последнашанса#охридзаохриѓани