fbpx
Сѐ за политика на едно место!

(Видео) Секс скандал во ОН: Снимен сексуален чин во нивно возило

Во јавноста се појави видеоснимка на која се гледа сексуален чин во службен автомобил на Обединетите нации во Израел. Меѓународната организација за одржување на мирот соопшти дека е шокирана и длабоко вознемирена поради снимките што се појавија од очигледен сексуален чин, кој се одиграл во едно од нејзините службени возила во Израел.

На видеоснимките се гледа жена во црвен фустан како седи на маж, кој се наоѓа на задното седиште во бело возило со ознаки на ОН. Во автомобилот имало и други луѓе, а инцидентот е снимен во главна улица во Тел Авив, објави Би-би-си.

Од ОН порачаа дека истрагата е во тек и дека работат на идентификација на лицата кои се видени на снимката.