fbpx
Сѐ за политика на едно место!

(ВИДЕО) Тензично во Будва – утрово уапсени градоначалникот и неговите соработници

Полицијата ги уапсила градоначалникот на Будва Марко Царевиќ и претседателот на општинското собрание Крсто Радовиќ пред општинаката зграда. Уапсени се и менаџерот на Општина Будва, Мило Бошовиќ, секретарот за инвестиции, Младен Микиељ, Никола Јовановиќ, шефот на кабинетот на Царевиќ, како и Ѓорѓе Вујовиќ, советник на Царевиќ. Уапсени се и синот и братот на Марко Царевиќ.

На оваа акција претходел обид на кородон полицајци да обезбедат влез на Управната инспекција во просториите на Општината Будва.

Поради оваа акција утрово во Будва е тензично, собрани се поголем број граѓани, а градскиот булевар е блокиран. Градот е под целосна полициска опсада пренесуваат тамошните медиуми.

Вчера, Царевиќ поднесе кривична пријава против тројца инспектори на Управната инспекција, како и против членот на Управниот одбор на ДПС, Снежана Куч и локалниот лидер на  Црногорска, Владимир Булатовиќ, за „злоупотреба на службената положба, создавање криминална организација за насилно преземање и упад во службени простории“.

Претходно вчера, на службените лица од Управната инспекција при Министерството за јавна администрација им беше оневозможено да ја потврдат одлуката за новото парламентарно мнозинство во во Општина Будва, со која беа отстранети Царевиќ и Радовиќ.

фото: ATV