fbpx
Сѐ за политика на едно место!

(ВИДЕО) Тепачка во турскиот парламент

Пратениците во турскиот парламент се степаа за време на обраќањето на претставникот на опозицијата Енгин Озкоч. Озкоч претходно го критикуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради непочитување на војниците загинати во Сирија, а претходно на прес конференција изјавил дека Ердоган е „нечесен предавник“.

На видеата може да се видат десетици пратеници на двете партии кои се туркаат едни со други, разменуваат удари, додека некои се обидуваат да ги разделат, објави агенцијата АП.

Според турската телевизија „Хабертурк“, некои од пратениците паднале на земја за време на тепачката.

Претходно, самиот Ердоган ги користеше истите зборови за претставниците на опозицијата, во обраќањето пред членовите на неговата партија, поради тоа што опозиционерите ја довеле во прашање турската воена вмешаност во сириската провинција Идлиб, пренесува АП.

фото: YouTube