fbpx
Сѐ за политика на едно место!

(ВИДЕО) Утрово силен земјотрес го погоди Загреб

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово Загреб во 6 часот и 23 минути. Потоа следел уште еден помал земјотрес со интензитет од пет степени.  „Антишок“ се случил и нешто подоцна со јачина од 3,7 степени.

Епицентарот на земјотресот бил на седум километри северно од Загреб на длабочина од десет километри.

„Јутарњи“ пишува дека бил евакуиран и претседателот Зоран Милановиќ.

Во центарот на Загреб има материјална штета, а во делови од градот нема струја и вода.

фото: Croatia Week