fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Владата во Словенија овозможи одложување до 1 година, на плаќањето на кредитите за компаниите

Словенечката Влада подготви предлог закон кој предвидува одложување на плаќањето на кредитите за компаниите. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, одложувањето е договорено во соработка за банките и ќе трае 12 месеци. Оваа уредба како една од повеќето кои се однесуваат на ублажување на поседиците од коронавирусот ќе можат да ја користат компаниите од сите сектори, а засега нема да важи за физичките лица, односно граѓаните.

Друга мерка која ја донесе Националниот комитет за труд при Собранието е уредбата која предвидува компаниите кои поради епидемијата со коронавирусот, нема да можат да обезбедат плата и работа за најмалку 30 отсто од вработени и ќе добијат пари за да не им се уништи бизнисот, а да можат да исплатат плата.

Обврската на работодавците е на вработените да им дадат 80 отсто од висината на просечната плата во последните три месеци, а државата ќе покрие 40 отсто од оваа сум, а работодавецот 60 отсто.

Оваа одлука важи за самовработените, кој во Словенија се многу.

фото: Архива