fbpx
Сѐ за политика на едно место!

ВМРО НП: Имаме чувство дека политичките партии се натпреваруваат во своите ирационални понуди само за да им се допаднат на граѓаните

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи сите предложени идеи на политичките партии од финансиско економската област кои патем ги предлагаат многу партиски лидери. Имаме чувство дека политичките партии се натпреваруваат во своите ирационални понуди само за да им се допаднат на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Ако ги ставиме сите предлози и идеи на куп ќе мора државата уште утре да ја банкротираме и да и го нанесеме најголемото зло.

Затоа ВМРО-Народна партија смета дека треба да се формира еден економски совет составен од клучни министри и секоја политичка партија да предложи по еден експерт со што ќе се излезе со заеднички предлог, а без многу популизам и себепромовирање при што мора крајно да се внимава на севкупниот македонски капацитет и да се спречи дестабилизација на буџетот.

Само така ќе се донесат принципиелни мерки кои подеднакво ќе одговараат на што поширок слој на економски субјекти, се вели во соопштението од ВМРО НП.

фото: Архива