fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Вонредна контрола над пратка со отпад на граничен премин

Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад (РДФ) запрена на граничниот премин Богородица помеѓу Република С. Македонија и Грција.

Според информациите од царинската служба на граничниот премин се земаат примероци кои ќе бидат испратени на анализи во лабораторија во Скопје. Станува збор, како што посочуваат, за пратка наменета за Цементарницата во Скопје.

Од Министерството  најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста.