fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Востание во Бугарија: Бугарската интелигенција се крена против болшевизмот на Софија!

Вистинските херои на европска Бугарија се:

Стефан Дечев, историчар на Југозападен Универзитет и на Софиски Универзитет, Чавдар Маринов, историчар на Институтот по филозофија и социологија при БАН, Александар Везенков, исторчар, Марија Тодорова, историчар при Универзитетот Илионис во САД, Димитар Бечев, политолог, Институт за науки за човекот во Виена, Румен Дакалов, историчар на Нов бугарски универзитет, Светлана Иванова, историчар на Софиски иниверзитет, Николај Аретов, литературен историчар, Елица Станоева, историчар од Европскиот универзитет во Фиренца, Кирил Дрезов, политиколог на Универзитет во Белика Британија, Јулија Златкова, историчар на Институт за балканистика при БАН, Красимира Даскалова, историчар при Софиски Универзитет, Теодора Драгостинова, историчар при Државен Универзитет во Охајо во САД, Олга Арнаудова, јазичар при Универзитет на Отава, Канада, Кета Мирчева, историчар, Александар Кјосев, историчар на културата при Софиски Универзитет, Албена Хранова, историчар на културата при Пловдивски универзитет, Десислава Лилова, историчар на културата при Софиски Универзитет, Миладина Монова, социјален антрополог во Институтот по филозофија и социологија при БАН, Ивајло Дичев, културен антрополог, Софиски Универзитет, Красен Станчев, економист и филозоф, Софиски универзитет, Институт за пазарна економија, Василка Танкова, историчар, Николај Маринов, политиколог на Хјустонски универзитет во САД, Илијана Крпова, јазичар, Венецијански универзитет, Италија, Дејан Кјуранов, политиколог, Центар за либерални стратегии, Ружа Смилова, политиколог при Софиски универзитет, Михаил Иванов, советник на преседателот Желю Желев по националните прашања, Надја Данова, историчар на Институт за балканистика, Диана Мишкова, историчар во Центарот за академски истражувања, Мариета Цанова, историчар во Државната агенција “Архиви”, Анна Крстева, политиколог на Нов бугарски универзитет, Врбан Тодоров, историчар во Државната агенција “Архиви”, Румен Аврамов, економист и историчар при Центар за академски истражувања, Евгенија Иванова, етнолог при Нов бугарски универзитет и Мирела Иванова, историчар, Оксфорд, Велика Британија!

Сите тие бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста, насловено како „Европа не нè разбира“, се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската Унија (ЕУ) во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ.

Освен меморандумот, што Софија го испрати до Брисел, Софија испратила и коментари на нацрт преговарачката рамка со Скопје и во самата нацрт рамка која се уште е во фаза на преговори. Бугарија бара добрососедството да се третира како суштинско прашање, а македонскиот јазик да не биде дел од рамката.

Во писмото, што го пренесува „mediapool.bg“, тие инсистираат на „фундаментална промена на парадигмата во историското размислување“ и пишуваат дека не се согласуваат „Северна Македонија да се претстави само како земја што нe се справува со сопственото минато“, јави МИА. Според нив, Софија демонстрира застарени сфаќања и изнесува неодржливи и наивни тврдења против Северна Македонија.

Потписниците на заедничкото писмо сметаат дека меморандумот не ги рефлектира достигнувањата на голем број бугарски историчари во последните децении, а е неразбирлив и за Европа.

Според бугарските научници кои го потпишале писмото-петиција, тврдењата за датумот на раѓање на една нација и на јазик се научно неодбранливи и се спротивни на достигнувањата на историската наука, како и на општествените и хуманистичките науки воопшто.

„Тврдењето за заедничка историја до 1944 година, недвосмислено толкувано како бугарско, е неубедливо“, пишуваат научниците, вклучително и историчарите.

ОРИГИНАЛЕН ЛИНК ДО ОБЈАВАТА ВО БУГАРИЈА:

https://www.mediapool.bg/evropa-ne-ni-razbira-balgarski-ucheni-poiskaha-novo-istorichesko-mislene-za-severna-makedoniya-news312809.html?fbclid=IwAR3OmkAUU2zTVYTglFoAWJDFYPtXvxH8ShGlkjLpFwfFGfs9pGROCeW8HnY