fbpx
Сѐ за политика на едно место!

ВО ИМЕТО НА СВЕТАТА АМНЕСТИЈА И ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА АБОЛИЦИЈА

  • Последните неколку денови топ тема е можноста која ја отвори Уставниот суд по однос наможното оживување на ивановата најголема грешка, а таа тема како по навика беше пуштена во јавноста пред завршницата на работната недела во екот на попладневнитечасови минатиот петок. Па следуваше викенд конфронтација помеѓу СДСМ и ДПМНЕ па потоа, се појави ипремиерот со видео обраќање и барање од Антикорупциската комисија да започне со процесот на ветинг во правосудството. На крај следуваше епизодата кога на повикот се јави претседателката на Антикорупциската комисија која во јавност изнесе став дека во престоечката 2020 годинаќе се одвива процесот на „тресење гаќи“ во правосудството, а Собранието започна процес за носење на Автентично толкување на конкретната оддредба од Законот за помилувањесо цел да го претрка Уставниот суд да ја устоличи аболицијата и да го врати општеството во периодот на Ивановите беседи. Со сите овие каузални настани се гледа дека сите ( власт и опозиција) покажуваат амбиција за да се започне со процесот на ветинг и да се „прочисти“ правосудството од непрофесионалните кадри, како и да се воспостави правната држава но самодекларативно. И девете најголеми политички партии потрошија скоро 30 години во кои најизменично семенуваа на власт (а тројството го запечатува ДУИ кој е вечен) и можеа и тоа како да направат нешто по ова прашање но наместо тоа тие не направија буквално ништоконкретно, туку само го разорија и доуништија и тој систем кој постоел во правосудството за да дојде на крај СВЕТАТА АМНЕСТИЈА И АБОЛИЦИЈА во која и ДПМНЕ и СДСМ се крстатревносно секојдневно. Но како и во сите епизоди каде што власта и опозицијата се на една страна и се сложни окулу некој став или некоја работа, како да има нешто кое се затскрива зад завесата… Според мене заедничкото за големите чинители кои за жал се носители на политиките и се еден вид на насочувачи кои го трасираат патот по кој ќе оди државата во следниотпериод е сеењето магла и декларативното завземање на став, но реално само глумење реформи. Ветингот ниту може да го започне ниту може да го води и спроведе институција како штое Антикорупциската комисија.
  • Неизбежно е да се напомене дека Антикорупциска нема ниту капацитети, ниту пак имаможности, ниту има механизми, ниту ресурси, па нема ниту законски пропишана надлежност за да може да влезе во оваа авантура но и на крај да се добие оддреденрезултат кој ќе значи реформирано и причистено правосудство. Сеење магла и приказни се сите овие повици, па конфронтации во јавноста , па уверувања и убедувања дека ветингот ќе биде можен и спроведен и дека ќе започне да госпроведува Антикорупциската комисија. Сево ова е само купување на време и занимавање на широките народни маси додека вопозадина се спремаат главните играчи за избори, а Македонија за минимум 6 месечен застој во сите полиња на политичкото,економското,социјалното живеење. Ќе не биде кога ќе почнеме да работиме, а не само да скокаме од тема на тема во јавниот дискрус како што беше изборниот модел и нужните измнеи на Изборниот законик којдојдоа и си отидоа од јавната сцена, за да потоа се искачи на првото место повторно ветингот и за се да заокружи светата амнестија и поранешно претседателската важи-неважи аболиција. Има начин и метод и ќе не биде, само сака да се допрележат детските болести на демократијата, бидејки повеќе од јасно е како ден ако не постарите граѓани тогаш младите веќе немаат трпение ниту време за сите овие рекла казала муабети и за ситеовие глумење на реформи и демократско општество. Ќе не снема и ќе не изеде светата амнестија и аболиција.Време немаме часовникот отчукува.