После скандалозните сознанија дека МОН на Мила Царовска планира укинување на предметот историја од македонските училишта, Богојески со жестока реакција на неговара официјална фан страна и логични прашања. Дали Царовска ќе одговори?
Текстот од Богојески: “Соломонско решение” за македонската историја, по вкусот на соседите!?!Нема да ја објектизираме историјата, што е европски стандард, туку ќе ја укинеме како посебен наставен предмет!?!А укинувањето ќе го прогласиме за европска реформа… работава е подобро да не учиме ништо, од колку да учиме вистина! Вистина која ги боли и едни и други!!!
Многу ме интересира МОН да го појасни предлогот да спои историја и географија и граѓанско во еден предмет – општество?!? Кој ќе предава, даскалот по историја или тој по географија?!? Или двајцата по 15 минути или заедно во хор?!? На кој начин ќе се спојат целосно различни предмети?!?
Образованието и онака е дерогирано… единствено полошо од короната за образованието на нашите деца е ваквото очајно политиканство, со кое сакаме да им удоволиме на сите, само нашите деца да си ги унаказиме?!?