fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Дали Љупчо Ристовски бил суден пред американски суд?

Дали претседателот на „Интегра“ Љупчо Ристовски, во САД по два основи на 15. октомври 1997 год и на 16 јуни 1998 година бил осуден на 18 месеци затвор за кривични прекршоци поврзани со даночните власти во САД. Неговата осуда и казната биле потврдени на 18 април 2000 година.

По оваа осуда Ристовски неколку пати поднесувал жалби кои биле одбиени.

Деталите за овој предмет може да ги поднесете на овој линк.

Во текот на денов во повеќе наврати се обидовме да стапиме во контакт со Ристовски, но тој не одговара на нашите телефонски повици. Му испративме и смс порака на која до овој момент нема одговорено.

Очекуваме дека Ристовски ќе се огласи на нашите повици и ќе образложи за што станува збор или пак ќе ја демантира информацијата.

Доколку Ристовски сака да демантира, неговиот став ќе го пренесеме во целост.