fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Денеска се регистрирани 147 нови случаи на ковид 19, починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4, Ресен-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти од: Скопеј-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (63г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59г) и (63г) и еден пациент од Штип (36г). Во болницата во Штип е починат пациент од Берово (69г), во Куманово пациент (78г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3343, активни 1987
•       Куманово 793, активни 240
•       Дебар 103, активни 51
•       Штип 371, активни 158
•       Прилеп 277, активни 51
•       Тетово 758, активни 385
•       Струга 252, активни 154
•       Велес 194, активни 43
•       Битола 61, активни 22
•       Охрид 195, активни 166
•       Кавадарци 21, активни 15
•       Гостивар 151, активни 91
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 17, активни 9
•       Крива Паланка 16, активни 10
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 7, активни 4
•       Кочани 74, активни 21
•       Пробиштип 25, активни 16
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 6, активни 4
•       Пехчево 6, активни 3
•       Берово 3, активни 0
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 5, активни 2
•       Свети Николе 41, активни 36
•       Кичево 44, активни 38
•       Ресен 120, активни 93
•       Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1296 теста се преку: ИЈЗ –585, Авицена –99, Биотек –75, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина-1,  Систина  со PCR метода -133, ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 409
•       Аеродром – 150
•       Бутел – 162
•       Гази Баба – 189
•       Центар – 143
•       Карпош – 163
•       Сарај – 149
•       Кисела Вода – 109
•       Ѓорче Петров – 114
•       Студеничани – 110
•       Шуто Оризари – 86
•       Арачиново – 50
•       Илинден – 32
•       Петровец – 16
•       Чучер Сандево – 18
•       Сопиште – 14
•       Зелениково-6
•       Странец – 2
•       Нераспределен- 65