fbpx
Сѐ за политика на едно место!

ДИК И ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ФАЛСИФИКАТОТ: На ДИК му недостигаат 2 013 гласачки ливчиња!

Според штотуку објавениот „Заклучок за објавување на резултатите од гласањето на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година, врз основа на податоци од записниците на општинските изборни комисии“ од страна ДИК, по завршување на изборите стои следното:

„1. Државната изборна комисија врз основа на податоците во доставените податоци од записниците од општинските избори комисии, избирачките одбори и целокупниот останат изборен материјал, утврди дека:

-Вкупен број на избирачи запишани во Избирачкиот список изнесува 1 814 236

-Вкупен број на избирачи кои гласале – 942 334

-Вкупен број на неупотребени гласачки ливчиња – 869 889

-Вкупен број на важечки гласачки ливчиња – 910 868

-Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња – 31 466“

Но, кога од 1 814 236 гласачи со право на глас, ќе се одземат 942 334 лица кои гласале, се добива бројката од 871 902 лица кои не се гласале, што значи дека толку треба да биде бројот и на неупотребени гласачки ливчиња. Но, според овој Заклучок на ДИК, бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 869 889 што значи недостигаат 2 013 ливчиња. Каде се? Дали со нив е правен фалсификат. Очигледно!

извор: Денешен