fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Донација од САД за судовите во вредност од 35.000 долари

Во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска, Амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз ќе предаде донација од Соединетите Американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ). Донацијата со вредност од 35.000 американски долари е наменета како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19.

Во рамките на оваа донација, судовите, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет,  јавните обвинителства, Советот за јавни обвинители, затворите и Управата за извршување санкции ќе добијат средства за чистење и дезинфекција на површини и антибактериски гелови за дезинфекција и суво миење раце. Амбасадата на САД во Скопје ќе додели вкупно 6.360 пакувања од по половина литар антибактериски гел за дезинфекција и суво миење раце како и 400 средства/раствори од по 10 литри за чистење и дезинфекција на површини, набавени од домашни производители.

Донацијата која ќе ја предаде Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз ќе ја преземат в.д. претседателот на Врховниот суд м-р Фаик Арслани, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, и Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.