fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Еден од Македонците на крузерот во Јокохама е заразен со коронавирус

Потврдено е присуство на коронавирусот кај еден од македонските државјани кои се наоѓаат на бродот „Дајмонд Принцес” во Јокохама, Јапонија, соопшти МНР. Како што се додава, заразениот во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија.

Од МНР велат дека амбасадата на Македонија во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин.

Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот.

фото: Архива