fbpx
Сѐ за политика на едно место!

ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО ДПМНЕ ќе ги бојкотира локалните избори во Штип!

Според извори од ИК на ВМРО ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден се одржал состанок помеѓу тројцата клучни водачи на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, со цел да се договорат за заеднички настап на денешниот состанок на ИК на ВМРО ДПМНЕ, кој ќе се одржи во попладневните часови.

Одлуката на тројцата лидери на партијата е да се бојкотираат локалните избори во Штип, со цел на истиот начин како за време на референдумот, да докажат дека доколку ВМРО ДПМНЕ учествувало на избори ќе победело со над 60% гласови, но не излегува поради корона кризата.

Проценката е дека ВМРО ДПМНЕ сигурно губи на овие избори од СДСМ, а тоа ќе биде аргумент плус за пучистите да побараат вонреден Конгрес на партијата на кој ќе биде сменет Мицкоски од лидерската позиција. Мицкоски се надева дека со бојкот на избори ќе се спаси од промена, без да биде загрижен дека ВМРО ДПМНЕ постојано губи од кога е тој на функции во партијата, а голем дел членови кои се бореле за го спречат СДСМ да дојде на власт, лежат по затвори.