fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Жан Кастекс е новиот премиер на Франција

Францускиот претседател го назначи Жан Кастекс за нов премиер на земјата. Одлуката е донесена откако претходниот премиер Едуар Филип утрово поднесе оставка. Набргу по неговата оставка, се огласија од Кабинетот на Макрон и најавија дека денеска ќе биде назначен нов премиер.

Кастекс ја водеше стратегијата за отворање на Франција по пандемијата.

Новиот премиер, кој има 55 години, бил градоначалник на градот Прад.

Едуар Филип (49) беше премиер на Франција од 15 мај 2017 година.

Неговото повлекување ги потврди шпекулациите за реорганизација на владата, откако францускиот претседател рече дека следната фаза од неговиот мандат ќе биде проследена со нов владин тим преку кој тој сака да ги зајакне „зелените“ економски политики и да привлече гласачи пред потенцијалната нова кандидатура за шеф на државата.

фото: Glas javnosti