fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Жерновски: Денес ја внесуваме земјата во побезбедни води, загрозувањето на Преспанскиот договор ќе значи загрозување на нашата иднина

Многу е важно што новата методологија го врати проширувањето на врвот на агендата, го заживеа процесот на ЕУ, истакна заменик-министерот за надворешни работи и член на ЦО на СДСМ, Андреј Жерновски, во неговото гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Конечно можеме да кажеме дека и Брисел потврдува дека иднината на земјите од Западниот Балкан е полноправно членство во ЕУ. Ние остануваме реални оптимисти за тоа дека ние ќе добиеме конечно датум за преговори. Она што можам да го кажам е дека сега во Брисел оптимизмот е поголем во инситутциите, и кај земјите-членки. На сите средби што ги имам јас, министерот итн., потенцираат дека сега состојбата е далеку далеку подобра во однос на октомври минатата година“, нагласи заменик-министерот Жерновски.

На дебатата на Телма, чија главна тема беше почитувањето на Преспанскиот договор, Жерновски потенцираше дека токму договорот е главна причина зошто се деблокираа евроатланските процеси.

„Ние само до пред 2,5 години бевме една заглавена земја која што немаше никаква перспектива, ниту во ЕУ ниту во НАТО, со крајно влошени односи со своите соседи. Преспанскиот договор ги отвори овие врати и денеска имаме навистина еден свечен ден. Денеска е празник, историски момент, денеска се крена знамето на НАТО пред Собранието на Р. Северна Македонија, всушност се крена целата магла која што беше околу нашата земја од самото постоење на нашата земја“, рече Жерновски.

„Денес ја внесуваме земјата во побезбедни води, нашите идни генерации ќе имаат многу посигурна иднина“, рече Жерновски, предупредувајќи дека загрозувањето на Преспанскиот договор е загрозување на иднината во Брисел, и во НАТО и во ЕУ.

 „Загрозувањето на Преспанскиот договор ќе значи загрозување на тоа што денеска го имаме, на иднината наша во Брисел, под Брисел подразбирам и ЕУ и НАТО, така што останува сите партиципиенти на политичката сцена да го разберат сето ова, за одговорноста што ја носиме, за одговорноста што ја има и власта и опозицијата. Денеска сум горд што, после само 2,5 години, ова што го направи Владата е навистина огромен успех“, оцени вториот човек на МНР, Жерновски.

фото: Архива