fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Заев: Прво да се испорачаат мерките вредни 200 милиони евра помош за работниците, стопанството и фирмите

Како и другите политички партии и ние дадовме предлози до Владата  со цел справување со коронакризата во државата, а на Владата останува да одлучи кои од тие мерки ќе примени, со оглед на тоа дека како Влада има можност да ангажира и други експерти и да се донесе конечната одлука. Многу е важно дека од сите овие мерки, прво треба да се испорачаат мерките кои вклучуваат 200 милиони евра помош за работниците, стопанството и фирмите.-истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето во ТВ Сител, на прашањето за новите мерки кои ги предложи СДСМ со цел справување со коронакризата во државата.

Тој посочи дека токму работниците се тие кои доминантно го полнат буџетот, преку приватната потрошувачка, плаќањето на даноците, но заради принципот на солидарност фокусот е ставен кон намалување на платите на јавната администрација.

Заев посочи два пакета мерки, едниот за поддршка на стопанството, кои имаат за цел да ги задржат работниците на работа, да им обезбедат минимум приход од 14.500 денари, а работодавачите пак да ги платат само придонесите по основ на здравствено и социјално осигурување. И вториот пакет на мерки кои имаат за цел заштеда односно санација на буџетот. Првоиспорачаната помош од 200 милиони евра е за овој пакет мерки, од кои само 120 милиони евра се директните трансфери.-истакна претседателот Заев.