fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Здружението на јавните обвинители: Изразуваме силна поддршка на нашата колешка, да истрае во Борбата против криминалитетот

Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија, во врска со вчерашното поставување на експлозивна направа во куќата на јавниот обвинител во Кичево , изразува енергична осуда.

           Овој чин осбен загрозување на личната , сигурноста на јавниот обвинител и членовите на неговото семејство, претставува сериозна закана и атак врз целата институција и принципот на владеење на правото во нашата држава.

            Ваквиот чин , не само што нема да го поколеба јавниот обвинител во извршувањето на својата функција, претставува поттик за целата институција за уште подоследно извршување во својата функција  и примена на принципот на легалитет на гонење на сторителите на кривични дела.

            Осудувајки го овој акт на насилство , изразуваме силна поддршка на нашата колешка, да истрае во борбата против криминалитетот.

            Истовремено ги повикуваме надлежните органи во чија надлежност е оперативата за откривање на сторителите на кривични дела , да преземат соодветни мерки за  БРЗО откривањето на сторителот  на овој насилнички акт.

фото: Архива