fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Зекири: „Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице“

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири по прекинувањето на вчерашната седница за законот за ЈО и за измените на Законот за Советот на јавни обвинители изјави дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја обновиле нивната криминална коалиција.

„Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице заедно со нивните побратими од ВМРО ДПМНЕ. ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција и коалиција на тесните интереси на одредени кругови во нивните редови. СРАМОТА!“, напишува Зекири во неговата реакција на социјалните мрежи.

фото: Архива