fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Зоран Николовски: Коронавирусот ги уби туризмот и угостителството во Македонија, потребни се итни мерки за спас на овие сектори

Зоран Николовски, експерт за туризам и угостителството на денешната панел-дискусија Live Chat насловена како „Затоа што секој живот вреди“, истакна дека поради коронавирусот се направени големи штети врз туризмот и угостителството. Според него туризмот во моментов е мртов. Не само кај нас туку и во целиот свет. Тоа е затоа што тие беа први на удар. Логично е во ваква пандемија прво да се прекине сообраќајот, авионите, патувањата, дружбата и социјализацијата во кафаните.

-Црни се бројките и незнам дали некој може точно да пресмета, затоа што анализата ќе покаже нула и нешто под нулата. До кога ќе трае, никој не знае, вели Николовски. 

Околу мерки за спасување на стопанството, туризмот и угостителството, Николовски рече дека владата треба во целост да ги покрие трошоците на вработените и не само во овие дејности, туку во сите сектори од стопанството.

-Дај боже тоа да биде само еден месец или два, а потоа економијата тоа ќе го врати. Особено во угостителството каде има илјадници вработени. Она што владата може да помогне во туризмот и угостителството е со помош на ваучери да ги покрие, или оваа кампања на пример со издавање на соби за карантини, за изолации, да помогне во моментов на домашните туристички сопственици. Замислете да ги изгубиме овие работници. Затоа тие 600 милиони евра или колку се незнам, ќе треба да бидат одвоени баш за оваа намена, дециден е Николовски.

фото: Архива