fbpx
Сѐ за политика на едно место!

ИК ВМРО ДПМНЕ: Избори на 12 Април, а потоа одговорност за криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата

Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ на својата последна седница расправаше за актуелната општествено политичка состојба и подготовката на партијата околу предвремените парламентарни избори. ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека власта, државата со последните скандали ја втурнува во уште поголема криза и ја оддалечува од европската иднина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека со вчерашните настани во собранието и материјалот доставен од свиркач практично се докажува дека мозокот на операцијата Рекет е токму Зоран Заев. Јасно е дека Зоран Заев бил финансиер на телевизијата на главноосомничениот за Рекет Јовановски и дека Заев точно знаел и бил упатен и за најситните детали од рекетот.

Вистинскиот мотив е стравот на Зоран Заев од одговорност после поразот на 12 април и затоа на сила турка противуставен закон за јавно обвинителство со кој се овозможува амнестија на криминалите. 

ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека државата не смее да биде заложник на личните интереси на поединци на Власта како и стравот од одговорност на оние кои се огрешиле пред законот.

12 април е денот кога мора да се одржат предвремените парламентарни избори за крај на кризата и за крај на политичката кариера на Заев.

Интерес на граѓаните е правна држава, почитување на законите, уставот и спречување на оваа политичка агресија на власта, преку носење на закони како тој за марихуана кои имаат единствена цел, богатење на семејството Заеви. Избори на 12 Април, а потоа одговорност за криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата, беше заклучено на седницата на ИК, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива