fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Институтот Застареноста VS Правосудниот систем во Македонија?

  • На македонскиот правосуден систем ургентно му е потребна суштинска реформа.Мнозинството на граѓаните беа иритирани од последните одлуки на надлежните судови,во најголем број од случаите од одлуките на Основениот кривичен суд во Скопје кој водва наврати изврши констатирање односно исполнување на законските услови занастапување на институтот на застареност при два високо профилни случаи во коиинволвирани директно во својство на обвинети беа поранешните премиери НиколаГруевски и Владо Бучковски.Имено, за Никола Груевски настапи прекин на суодскиот процес по однос на самотокривично гонење за случајот на СЈО „Траекторија„ а за Владо Бучковски за случајот“Тенковски делови„ исто така поради застареност беше самиот обвинителен акт одбиен исекако и двајцата поранешни премиери добија ослободување вез основа на институтотзастареност.Иако најчесто јавноста поради неукост и секако сето тоа е оправдано бидејки не сеправници па да го разберат концептот на институот застареност прстот го вперуваат консудот кој можеби и во најголемиот дел од случаите и не е целосно условно речено крив занастапување на застареноста, бидејки судот само ја утврдува фактичката состојба напредлог од одбраната и прилично ситиацијата во тој дел е јасна бидејки застареностакако правен институт јасно и концизно е дефинирано во позитивното законодавство кога,како и во кои услови настапува.Дотука работата е прилично јасна и доколку некој сака да ги види конкретнитепредвидени временски рокови за застареноста и како се пресметуваат и кога настапуваапсолутна застареност на кривичното гонење или на извршувањето на кривичнатасанкција истото може лесно да го најде и прочита во стручната литература или воматеријалните закони од областа на кривичното или граѓанското право.Работата станува комплицирана и како што би рекол нашиот македонски народ „матна“кога треба да се најде начи односно со народен жаргон „дупка во законот“ за да сеовозможи на некое лице да по пат на застареност се спаси од кривичното гонење или пакод извршувањето на самата кривична санкција.Тука е клучно да се прави ревизија на постапувањето на сите инволвирани во саматапостапка, во смисла од покренувањето на обвинение од страна на обвинителството, паотценка на обвинението од страна на судот, па постапувањето на судечкиот судија и потоапостапувањето на кривичните совети во повисоките инстанци се до вонредните правнилекови и постапувањето на кривичниот совет при Врховниот суд, за да се види кој и на којначин му овозможил на некој друг да се спаси и да не заврши со изрекување на
  • соодветна санкција за неговото дејствување или постапување со чинидба или нечинењекое било окфалификувано како кривично дело.Бидејки бевме сведоци на маратонски траења на самиот судски процес во смисла додобивање на правосилна пресуда, која ете во случајот на Владо Бучковски изостанабидејки судскиот процес не доби завршница поради застареноста, оттука мора да серазмислува да се започне со реформите во правосудството баш од овој дел за да сеовозможи праведност и правичност на самиот превосуден сиситем во државата.Одлична е идејата на оддредени судии и правници кои побараа измена во Кривичнотзаконик со дополнување на истиот и воспоставување на квалификаторен облик во смислана зголемување на запретените години на ефективен затвор предвидени за конкретнокривично дело доколку истото е извршено од страна на лице кое вршело висока државнафункција во времето на извршувањето на предметното кривично дело, но и да седополни конкретниот член во смисла на тоа кога започнува течењето на роковите воделот на застареноста и секако пресметувањето на времето предвидено со законот сошто има предлог да започнува да тече рокот за застареност од моментот кога настапувапрекин на функцијата која ја обавувало конкретното лице, а не како што е сега одмоментот на сторување на кривичото дело, но истото да важи и да се применуваисклучиво само за лицата кои извршуваат високи државни функции.Е сега доаѓаме до делот кој е секогаш тешкиот.Како да изгласаат пратениците измени и дополнувања на Кривичниот законик кога тиеизмени ќе треба да се однесуваат на нив???Како да се реформира правосудството и да се изгласат неопходните измени идополнувања кога освен во Истражниот затвор „Шутка“ на едно исто место, во истовреме, во еден објект најмногу осомничени и обвинети лица има во Собранието наМакедонија???Дали може да се очекува од лица (чест на исклучоци) кои имаат такви карактеристики и сесамо обучени да стискаат црвено или зелено копче ( по потреба) да изгласаат таквиизмени и дополнувања???Но еве и еден друг предлог како што застарува кривичниот прогон и извршување насакнцијата да се дополни Законот за облигациони односи и да се пропише норма со којасе овозможува неутужени застарени обврски да мораат да ги отпишуваат од евиденцијатаголемите монополи како ЕВН,Водовод,Топлификација,БЕГ и други компании кои иако неизвршиле утужување на доспеани побарувања во предвидениот законски рок, не гибришат од евиденција истите долгови и чекаат и по 20 години за да бидат иститенаплатени од наследниците или други лица.На крај многу е јасно дека проблемот е во фактот што сите САКААТ ДА ГИ УЖИВААТПРАВАТА А НИКОЈ НЕ САКА ДА ГИ ПРЕВЗЕМА ОБВРСКИТЕ