fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Како настанавме ние Македонците

Војната помеѓу македонизмот и бугаризмот трае повеќе од илјада години! Токму затоа омразата на денешните Бугари кон македонизмот, а на денешните Македонци кон бугаризмот е толку голема. Имало повеќе обиди до сега, да се прекине таа војна, потпишани се десетици мировни договори, но војната сеуште трае и трае. Време е за последниот договор, со кој засекогаш војната ќе престане, а ќе завладее мир на Балканот.

Македонизам  

Ромејска Македонија живеела мирен провинциски живот, под власта на Константинополскиот император, на чело на православната теократијата Ромеја, од современите историчари во текот на 19ти век наречена Византија. Античките Македонци, кои заедно со античките Елини и Тракијци, па и Илирите и Дарданите, го создале античкиот македонизам (во 19ти век од историчарите наречен „хеленизам“, поради силната грчка дипломатија), биле целосно римјанизирани, а од нив создадени балканските Римјани – Ромеи. Но никогаш не престанал да живее митот за големите Филип и Александар, а македонизмот живеел на царскиот двор во Константинопол, особено во Одринско, тема Македонија (од таму во името на ТМОРО е македоно – одринска организација). Митот за потеклото на Римските императори од Александар Големиот, настанал од желбата на првиот од нив Октавијан Август (кој веројатно телото на Александар како трофеј го пренел во Рим), да се прогласи како негов наследник. Во тоа време, Александар Македонски бил почитуван како Божество, а пред неговиот „стаклен саркофаг“ во Александрија, се поклонувале најголемите војсководци на антиката. Така наследно тој мит од дворот на Рим се пренел на дворот во Константинопол, особено што Ромеја ја имала баш истата територија на Александрова Македонија. На Балкан трајно се населуваат и низа римски војници – ветерани од петтата римска легија, чии потомци се наречени Цинцари (цинци – пет). На крајот на 5ти и почетокот на 6ти век, започнуваат да напаѓаат војските на Венетите – Словените, а против нив најмногу се борат Ромеите од Илирик и Мизија. По успехот во борбите, Словените трајно се населуваат со своите семејства, а Балканот постепено се словенизира, најјужно на грчки Пелопонез. Особено опасно за Ромеја, било создавањето на две словенски кралства на крал Хацон и крал Пребонд, кои сретнувајќи се со античкото историско и културно наследство низ Македонија и Елада, на себе си дале титула REX, односно сакале да се прогласат за наследници на античките владетели и да се одвојат од влијанието на Константинопол. Тоа е зачеток на изворниот МАКЕДОНИЗАМ, базиран на локални македонски традиции, на славата на античкиот македонизам / хеленизам, но со словенска култура и јазик. После стотици битки, Ромеите разбираат дека треба да престанат да војуваат со Словените, а да ги ромеизираат преку христијанизација. За време владеењето на еден таков Император Јустинијан Први, роден во Скопје и градител на Св. Софија / Аја Софија во Стамбол, со цел да успее планот за ромеизација – христијанизација на Словените, создава посебна автокефална Црква во 6ти век, со седиште во Скопје, наречена Јустинијана Прима, на чело со првиот Скопски архиепископ Кателијан. Ромеизацијата / христијанизацијата траела долго време, словенските водачи биле примени на константинополскиот двор, а нивните Кралства симнати на ранг на Кнежества, под врховна власт на Ромејскиот император. Сите засебни словенски кнежества – Склавинии, добиле свои епископи во рамки на Црквата Јустинијана Прима, како Берзитија, Вајонитија, Драговитија, Ринхинија, Сагудатија, Смолјанија, Струмјанија и др.

Бугаризам Славомакедонизмот се создал на Балканот, уште пред да дојдат Бугарите. Словенските кнезови, кои никогаш не го изгубиле својот автономен словенски карактер, но го прифатиле христијанството и започнале да ја почитуваат Константинополската Црква, имале можност во Цариград да се огледаат на Ромејските императори, започнале да се здружуваат и да пројавуваат амбиција да направат засебна словенска држава, со своја Црква и свој Цар, која ќе продолжи со христијанизацијата на сите Словени на Балканот. Тоа е тој ран славомакедонизам, на кого особено му пречело наметнувањето на ромејскиот јазик – латински и грчкиот од страна на Црквата. Тие зборувале на свој словенски јазик, што ги правело различни од античкиот македонизам / хеленизам. „Вознемирениот Константинопол“ од можниот словенски духовен и световен сепаратизам, повторно започнал континуирани војни со Склавиниите – Кнежествата. Најжестоки судири имало во Македонија и Мизија. Исцрпени од војните од скоро два века, Ромеите побарале сојузници кои ќе ги нападнат Словените од зад грб и ќе ги уништат. Постоела една силна воинствена држава на северот од Ромеја на Кавказ, Голема Бугарија на чело со Хан Кубрат, која пак имала големи проблеми со нападите од исток од Хазарите. Со цел да куртулат од нив, а и да обезбедат „сигурна земја“ под ромејска заштита, Хан Кубрат ги испраќа синовите Аспарух и Кубер да ги нападнат словенските Кнежества. Нападот бил на крајот на 7от век, токму таму каде побарала Ромеја, во Мизија и Македонија. Но наместо да нападнат и се повлечат, младите воинствени Ханови создале свои кралства на ромејска земја, кои користеле свој засебен бугарски јазик и своја посебна религија. Хан Аспарух во Мизија, на делтата на Дунав, а Хан Кубер/т во Пелагонија, Македонија. Од тој момент, на Балканот се појавува бугаризмот. Така се сретнуваат и меѓусебно се судираат РОМЕИЗМОТ (наследник на античкиот македонизам / хеленизам – ова им го признавме на Грците со Преспански договор), СЛАВОМАКЕДОНИЗМОТ (наследник на словенските Кралства и Склавините – ова на нас ни го признаа Грците со Преспански договор – славомакедонци и славомакедонски јазик) и БУГАРИЗМОТ (наследник на Хановите од Голема Бугарија, покасно словенизиран преку јазикот – за ова сеуште се договараме со Бугарите и никако да се договориме). Тој судир буквално трае до денес. Ромеистите успешно спречиле создавање на Славомакедонистичко Кралство, но затоа пак се создава Првото Бугарско Царство. Така доминантен станал судирот помеѓу ромеизмот и бугаризмот. Ромеите се бореле да ја зачуваат контролата врз Словените преку Црквата, без да им дадат право на користење на словенски јазик, а од друга страна Бугарите ги привлекувале на своја страна, со ветување дека ќе го прифатат словенскиот јазик за свој, а ќе го отфрлат бугарскиот. Таа бугарска политика на бугаризирање на Словените, преку користење на словенскиот јазик, се покажала за успешна и успеале да ги придобијат Словенските Кнезови на своја страна и да ги примат во бугарското Дуло – царска каста бољари на Хановите од кои потекнувале Аспарух и Кубер. На тој начин, Бугарските владетели се словенизирале, го прифатиле словенскиот јазик за свој, а го наметнале името Волгари / Болгари на своите поданици. Со помош на Словените се зацврстила бугарската власт на Балканот, до денес. Затоа денешна Бугарија сака да докаже дека сите ние на Балканот сме Бугари, почнувајќи од среден век. Тогашните Бугари не се нација, во денешна смисла, туку политички идентитет на поданиците на бугарската круна – ханови. Но никогаш не престанало чувството на различна припадност помеѓу Словените и Бугарите, а славомакедонизмот бил јаболко на раздор на Балканот.

……..продолжува!

Петар Богојески с.р.