fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Каракачанов во акција за спас на Мицкоски?

Судирот во ВМРО ДПМНЕ се радикализира! Дали веќе во таа борба се вклучува бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов на страна на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со цел да го заштити и да остане на чело на партијата, како неспособен кадар кој им одговара на Бугарите?

Промоторот на Македонски концепт и предводник на реформите во ВМРО ДПМНЕ Петар Богојески, на својата официјална фб страна објави дека, цитираме „СССР – ДПМНЕ / БНД во заедничка платена акција!?!“

СССР – ДПМНЕ / БНД во заедничка платена акција!?! Почитувани граѓани,Ве известувам дека подолг период сум предмет на…

Posted by Петар Богојески – Petar Bogojeski on Friday, September 25, 2020

Подолг период е јасно дека бугарски дипломати и политичари се мешаат во внатрешните работи на Македонија, но изненадува фактот дека се мешаат во внатрешните работи на македонските политички партии и тоа во насока на заштита на наводни „антибугари“ како што е Христијан Мицкоски.

Богојески ја известува јавноста дека, цитираме „подолг период сум предмет на уцени и закани преку специјална платена координирана акција помеѓу претставници на ДПМНЕ на Мицкоски и БНД на Каракачанов! Тие се координирани од страна на еден македонски олигах, кој плаќа бугарски и македонски политичари, со цел да биде заштитен од политички прогон во Македонија!“ Скандалозни се барањата на уценувачите, цитираме „1. Да ја поддржам официјалната позиција на Бугарија по македонското прашање, со која ќе се уценува и спречи влезот на Македонија во ЕУ, што е стратешка цел на болшевиците од ДПМНЕ и БНД! Едните ќе бидат херои во очите на бугарските националисти, а другите ќе докажат дека Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ и покрај промена на име, без да се избрише идентитетот на Македонците! Тоа е брак од интерес на двете “партии”, координирани од ист московски центар, кои носат предзнак ВМРО и го злоупотребуваат историското значење на Организацијата! 2. Да се откажам од тврдењето дека македонско – бугарските односи се заложник на мафијата и да престанам да ја известувам јавноста за игрите околу “конзулот”! 3. Да се откажам од барањето да се заштити ВМРО од политичка злоупотреба и во Македонија и во Бугарија, преку заклучок на историската комисија на двете земји! 4. Да се повлечам од барањето за реформи, а сега и за редефинирање на ВМРО ДПМНЕ и да го поддржам Мицкоски да остане лидер на партијата! 5. Да престане да постои Македонски концепт, а во понатамошното политичко дејствување да му дадам поддршка на Мицкоски!“

Факт е дека Богојески имаше јавен настап на ТВ24 на ден 23.09.2020 година, на кој јавно потврди дека македонско – бугарските односи се во заложништо од мафијата, после што бил повторно предмет на уцени и закани со истите барања до него и со најава дека е нарачана негова “ликвидација” во македонската јавност, која ќе започне денес (25.09.2020 година)! Тој тврди дека ги отфрлил сите нивни барања и дека продолжува да се бори за Македонија и дека никогаш, ама баш никогаш нема да се откаже од таа борба, без разлика на се што го очекува во иднина, на сите закани и уцени!

Денес во 12.11 мин, Богојески добил полициски прашања од прорускиот и продпмне портал Инфомакс, со што заканата започнала да се реализира, токму како што било најавено од уценувачите, со цел да биде прикажан во македонската јавност како бугараш и тргнат од политичка сцена во земјата.
„Секако дека никогаш нема да одговорам на прашањата на рубља патриоти, но јавноста заслужува одговори! Во зависност од развојот на настаните, ќе објавувам дополнителни факти и документи, но и непријатни вистини за координацијта помеѓу СССР – ДПМНЕ / БНД! Без разлика на сето ова, без разлика на сите закани и уцени, јас останувам посветен на борбата за нашата Македонија!“ вели Богојески