fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Кирацовски побара од Џафери седница за разрешување на Мизрахи, а тој му врати: Ха ха ха, јас немам Фејсбук

Премиерот Спасовски чека од ВМРО ДПМНЕ нов кандидат за министер за труд и социјала, откако вчера предложи Рашела Мизрахи да се разреши, поради тоа што не го почитувала Уставот на државата затоа што пресовите ги држи пред таблата со старото уставно име.

По однос на ова прашање преку социјалната мрежа фејсбук свој став изнес пратеникот од редовите на СДСМ, Александар Кирацовски . Тој се обрати до претседателот Талат Џафери и побара тој да да свика седница за Мизрахи. Кирацовски на ФБ напиша

-Џафери наместо да бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот тех. Премиер за разрешување на министерката за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот.

За нивото кое денес го покажа Талат Џафери, не ме личи да зборувам, сам за себе доволно кажа со одговорот на моето барање за закажување седница за разрешување на министерката Мизрахи.

Но она за што гласно ќе зборувам е манипулацијата која Џафери ја изврши врз пратениците пред околу година дена на седницата закажана за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски, намерно пречекорувајќи го рокот на истата, по што Велјановски неоправдано го ужива имунитетот до денешен ден.

Нема да му дозволам на Џафери, уште еден обид за играње мајтап во Парламентот.

И уште еднаш јасно напоменувам, на пратениците им е смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историски успеси и државни постигања, повторно да бидат “топовско месо”, напиша Кирацовски на ФБ.

На ова Џафери за Плусинфо вели:

„Ха, ха, ха, па јас немам Фејсбук!“ .

Во меѓувреме, споед плусинфо, неофицијално, неизвесно е дали Џафери ќе закаже седница за разрешување на министерката за труд. Според информации од Собранието, доколку се оди на разрешување на Мизрахи можно е да се искомплицира целиот изборен процес. Објаснувањата се дека Мизрахи е министерка во техничката влада која произлегува од Пржинскиот договор зад кој стојат меѓународни гаранции. Доколку Мизрахи биде разрешена, се наметнува дилемата дека некоја од партиите во случајов ВМРО-ДПМНЕ доколку не и одговара изборниот резултат, да ги оспори парламентарните избори. Односно толкувањето е дека разрешувањето на министерката од техничката влада може да предизвика сериозни политички турболенции и да има импликации врз целиот изборен процес. Особено што сега ни требаат беспрекорно одржани избори, без трошка сомнеж во процедурите и во резултатот.

фото: Архива