fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Коневски до Мицкоски: Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди

ФБ статус на Ивица Коневски:

Мицкоски, ти повторно се однесуваш срамно и тоа на овој голем ден, на најголемиот македонски празник Илинден.
Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка ѝ посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики.
Со ова го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш. Наместо ниски страсти и фрустрации, треба човек кој обединува. Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ.