fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Кради, ќе бидеш амнестиран во Македонија

  • Доколку сакаш некој да уништиш во Македонија, едноставно само пушташ спин кајнеколку клучни луѓе кои го обликуваат јавното мислење и почнува кампањата во скоросите ТВ куќи со национална фрекфенција и започнува распнувањето.Не знам чија беше одлуката да се води од притвор во куќен притвор поранешнатаСпецијална обвинителка пред камери, театрално само како што ДПМНЕ знаеше даизрежира и изведе во нивните најдобри времиња од режимот, но сепак МВР односнополицијата постапи на многу ниско ниво при транспортот на обвинетата, а притоа чинотбеше грозен и имаше за цел само да се ситат и да гледаат сеир мнозинството на граѓанина јавна сцена.Потоа следеше јавната објава на додатоците кои поранешната Специјална обвинителка инејзните помошници-обвинители ги земале по неколку основи.Истите ја надминуваат неколку кратно просечната исплатена плата во Македонија и беаизнесени во јавност за да се извади и предизвика уште толку повеќе гнев од граѓаните,кои поради нивните субјективни прилики и нискиот стандард беа инспирирани да изнесатголем број на навреди кон неодамна воспеаните и устоличени обвинители кои беахероиите на новото време.Е сега се враќаме на едно многу суштинско прашање а тоа е зошто баш сега е се тоаобјавено кога можеше и во полниот ек на борбата на СЈО со криминалот на минататагарнитура на ДПМНЕ и груевизмот се изложија себе и своите фамилии на многупритисоци, закани и ризици од најразновиден степен???Колку за илустирање доколку паричните средства кои ги зеле како додатоци на платаЈанева и нејзините полномошници беа објавени пред година и половина скоро сите какојавност ќе бевме согласни дека истите се нужни и ги зеле бидејки законски им следуваатно и секако поради сложеноста и тешката работа која ги изложи на секакви непријатни иризични ситуации. Најразновидните експерти кои сега „плукаат“ по обвинителите на СЈО по секоја дебатнаемисија по однос на додатоците на плата тогаш ќе не убедуваа дека поради независностаи сочувување на дигнитетот како и да се оневозможи истите да бидат изложени нанепристојни понуди од страна на обвинетите во смисла да бидат најгрубо кажано „купениод Мијаклов и компанија“ истите се нужни и оправдани.Секако можеби поради висината на истите ќе имаше гнев и оправдан бес кај граѓаните, ноќе се сложевме кога се бориш против заробена држава, злосторничко здружение кое си
  • има држава за управување и искористување во форма на своја лична приватна своина вокоја се гледа само во насока на нивните тесно партиски лични интереси ќе се запрашавмешто треба за да се биде рамноправен и еднаков во самата борба која покрај личнатаангажираност и мотивација мора и да се заоснова на некоја материјална сигурност којапризлегува од наведените и предвидени додатоци за да може обвинителот независно дапристапи, да го води конретниот предмет професионално и да ги гони обвинетите лицадоследно и докрај во смисла на добивање на правосилна пресуда која ќе ја задоволиправдата.Е сега отткако не им помина на некои центри, епизодата Катица уловена во рекет, да бидепроширена и да се инволвираат и оцрнат во јавност обвинители какоФетаи,Бубевски, Ристовска сега сакаат преку објавата на паричните средства, односнододатоците на плата кои законски им следат на истите во медиумите да јадискредитираат и сквернават работата на овие обвинители и нивните тимови коизастанаа на браникот на правдата кога другите клиентелисти заедно го бранеакриминалот и груевизмот. Но никако не ми е јасно како горенаведените центри кои ги пласираат овие вестинаменски и секако во моментот кога нив им е тоа во прилог бидејки предметите на СЈО кое е моментално во стечај, иако сите партии во претседтелската кампања која неодамнабеше во полн ек, се колнеа и се залагаа да опстане и да се транформира во редовенправосуден орган се живи односно се водат во најралични фази пред судовите, се најдоаодносно се спогодија со власта…Сеуште не ми е јасно како реши власта, а кога велам власта (мислам исклучиво на СДСМ бидејки ДУИ е секако криминогена формација во која нема никаква волја за правда иправедност ја исклучувам од било какви равенки), да се договри со криминалнатаструктура на довчерашниот режим и се откажа од нивно санкционирање и истерување направдата докрај.Има многу индиции кои упатуваат на договор помеѓу СДСМ и ДПМНЕ од коинајвпечатливи беа бегството на Груевски овозможено од високи функционери на СДСМ, па преку спасување на имунитетот на Трајко Велјановски во Собранието со цел да неотиде истиот во притвор за случајот „Организатори на 27-ми Април“, па носењето наконтроверзната одлука на Врховниот суд за суспензивно дејствие во делот на извршување на ефективната казна затвор изречена со правосилна пресуда за поранешната Министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, па сведочењата на Верушевски заслучајот Таргет-Тврдина во кое беше изоставен првоосомничениот Мијалков и неговатаулога во аферата масовно прислушкување па се до „Империја“ на Орце Камчев и „Рекет“на Јанева кои повеќе се претстави за пред народот отколку што имаат врска со правотоако се анализираат во однос на тоа кога беа лансирани временски во јавноста и која енивната поврзаност со недобивањето на датумот за отпочување на преговорите со ЕУ во
  • околности на променето име и најниско ниво на достоинство поради чувството наразочараност и депресија поради истото.На крај ќе пробам да изведам теорија зошто е сето ова во однос на додатоците напоранешните обвинители во СЈО моментално изнесено во јавност, која вест според менеима за цел изедначување на Фетаи,Ристовска,Бубевски со Јанева за да се дикридира СЈОво целост која операција беше цел и во првата епизода, онаа кога излезе во јавностаферата „Рекет“, а крајниот ефект и цел беше раѓањето на јавна сцена на потребата да сеоди на уште едни нови предвремени избори но и да се остави можност доколку победиДПМНЕ на истите да се понуди и изгласа уште една амнестија која ќе ги извади од затворсите осудени за 27-ми Април кои се моментално во скопскиот и штипскиот затвор и чекаатАпелација Скопје да го изнесе судот во жалбената постапка.Не ми е јасно зошто СДСМ ја прифати оваа спогодба и ризикуваше во јавностпотврдување на ставот дека „сите се исти“ како и ја прокоцка шансата да се воспоставиправна држава и еднаш засекогаш сите инволвирани во криминалот за кои во фертранспарентна постапка се докаже дека се виновни да одговараат и да бидатсанкционирани соодветно за да се испрати порака дека во Македонија не се толерира криминалот. Пораката на крајот е: Крадете колку можете дури сте на власт, направете се што е во вашираце и не е во ваши раце да се одржите на власт, користите ги сите можни средства воборбата и оправдани и неоправдани и законски и незаконски, на крај се ќе ви бидепростено од партискиот противник бидејки и тој кога ќе дојде на власт ќе сака да крадекако и Вас а нема да сака да биде санкциониран и казнет поради тоa Затоа називот на спогодбата која сигурно постои помеѓу СДСМ и ДПМНЕ е: КРАДИ ЌЕ БИДЕШ АМНЕСТИРАН СИГУРНО И НЕМА НИШТО ДА ТИ ФАЛИ.