fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Македонија шест години била во своевидно разузнавачко ембарго

Три најголеми разузнавачки служби во светот уште во 2014 година ја прекинале комуникацијата со македонската „Агеција за разузнавање“ и целосно замрзнала соработката на нашите разузнавачки служби со агентурата на западните земји, пред се на земјите лидери на НАТО и ЕУ.
 ТРИТЕ ГОЛЕМИ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ НЕ ИСКЛУЧИЛЕ ОД КОМУНИКАЦИЈА  ВЕДНАШ ОД КАКО НАЌЕ ЧУЛЕВ ГИ ПРЕЗЕЛ СЛУЖБИТЕ  

Ова своевидено ембарго кон нашата разузнавачка служба настапило во 2014 година, кога со „Агенцијата за разузнавање“ раководеше актуелниот технички министер во МВР Наќе Чулев.
Прекинот на соработката на македонската Агенција за разузнавање со големите странски служби траеше долго, од 2014 година. Тој прекин се случи една година откако сегашниов технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, беше поставен за директор на Агенцијата во 2013 година од страна на Ѓорге Иванов. Големите странски разузнавачки сервиси за тоа време ја исклучија македонската разузнавачка заедница од сензитивни информации, плашејќи се дека тие можат да протечат до „непријателски“ агенции.   

Овие информации не и беа познати на јавноста до пред неколку дена кога директно од претседателот Стево Пендароски пред јавноста беше откриено дека нашата домашна агентура по пауза од скоро шест години повторно воспоставила комуникација и соработка со агентурата на државите од НАТО сојузот и дека клучно за сето тоа е именувањето на новиот директор на „Агенцијата за разузнавање“ како и одземањето на безбедносните сертификати на неколку лица од претходната власт, пред се на лицата од кабинетот на поранешниот претседател Геоѓе Иванов, каде како најспоменуван се јавува Синиша Алексовски, кадар кој се поврзува и со настаните од 27 април и крвавиот упад во Собранието.

Пендароски во интервјуто потврди дека Алексовски го изгубил безбедносниот сертификат и дека тоа е од корист за нашата држава и нашето разузнавање бидејќи споменатиот се поврзува со поострените мерки кои се воведени од како Македонија стана членка на НАТО, па сега одредени кадри неможе да останат во службата бидејќи не исполнуваат услови да добијат безбедносен сертификат.

ВЛИЈААТ ЛИ НЕПОВЕРЛИВИТЕ БИВШИ КАДРИ ВРЗ ДЕНЕШНОТО МВР ?

Ваквите информации обелоденети од Пендароски отвораат повеќе прашања како: Дали лицата заради кои сме се нашле во разузнавачка изолација сеуште имаат пристап во МВР, дали влијаат врз техничкиот министер и службите, дали имаат пристап во Агенцијата за разузнавање и дали сеуште се во можност да допрат до осетливи содржини и материјали кои би биле ставени во ризик да паднат во раце на „непријателски разузнавачки служби“ ?

НЕ ЧЕКА ГОЛЕМО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛУЖБИ

Прочистувањето на разузнавањето нема да запре само на двата изгубени сертификати туку ќе има поголемо прочистување.
Безбедносните сертификати ги издава нашата Агенција за национална безбедност, која работи засилена со луѓе од НАТО, објави Пендаровски. За да може да се влезе во колективната безбедносна мрежа на Алијансата потребно е големо прочистување на разузнавачко-безбедносните структури. Сето тоа се одвива под будното око на НАТО, кое уште пред официјалното членство на државава испраќаше свои мисии преку кои го надгледуваше имплементирањето на безбедносните стандарди кои беа наложени од алијансата.

СО НОВИОТ ЗАКОН БЕЗ СЕРТИФИКАТ НЕМОЖЕ ДА СЕ ВРАБОТИ НА БИЛО КОЕ РАБОТНО МЕСТО ВО РАЗУЗНАВАЊЕТО

Стево Пендаровски соопшти дека таму се подготвува нов закон за работата на Агенцијата за разузнавање, кој ќе биде пуштен во собраниска процедува веднаш штом биде избран новиот парламент и во кого, според препораките на НАТО, никој нема да може да биде вработен на кое било место ако нема безбедносен сертификат.

Објаснувајќи дека Агенцијата за разузнавање ја стабилизирала својата работа по именувањето на Еролд Муслиу за нејзин директор и за тоа добива пофалби од партнерските разузнавачки агенции.

„Последниве неколку месеци ние ја обновивме соработката на комплетно оперативно ниво со трите најголеми разузнавачки сервиси во светот. Не само поради Еролд Муслиу, туку поради тоа што тие разбраа дека Агенцијата за разузнавање не е партиски сервис на партијата на власт“, рече Пендаровски.

фото: CivilMedia