fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Македонски концепт: Остро го осудуваме инволвирањето на деца за водење, црна, неетичка политичка кампања и бараме од надлежните да реагираат

Остро го осудуваме обидот од извесни политички субјекти да ја оцрнат кампањата на Македонски концепт со копирање на нашите симболи и инволвирање на деца во промотивни политички цели. Уште полошо во овој случај се искористени деца за водење црна, неетичка политичка кампања со цел дискредитирање и оцрнување на противникот.

Вчера откако карванот на Македонски концепт ги обиколи градовите од 4тата изборна единици помеѓу кои и Струмица и оствари средба со граѓаните на Струмица, од извесен политички опонент, за кој имаме индикации дека станува збор за ОК на ВМРО ДПМНЕ, беа употребени и инструирани малолетни деца кои беа облечени во маички со симболите на Македонски концепт и беа испратени низ градот да делат промотивни материјали.

Македонски концепт целосно се оградува од овој потег и остро го осудува овој обид за фалсификат и злоупотреба на деца. Со овој крајно низок чекор неетичноста во политичката кампања ги преминува сите граници.

Изборниот тим на Македонски концепт бара од ДИК, ОЈО и МВР итно да постапат и да ги откријат сторителите. За овој настан ќе ја информираме Детската амбасада Меѓаши, ОБСЕ и Хелсиншки комитет!

Македонски концепт е платформа која се залага за слобода, спокој и солидарност меѓу сите граѓани на државата и притоа се придржува кон етичките и хумани вредности. Ваквата политичка кампања се коси со сите принципи на Македонски концепт – изјави Даниела Гаврилоска-Јовковска, кандидат на листата на пратеници за изборната единица еден.