fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Месуд Смајовиќ: За подобра иднина неопходни ни се реформи во сите области на општествено социјалниот живот

Интервју со Месуд Смајовиќ, кандидат на листа на пратеници за ИЕ3

Месуд Смајовиќ е професионален службеник за физичко обезбедување. Работи како шеф на безбедност на фабрики за производство на медицинска опрема. По професија е машински техничар. Месуд е оженет и е татко на две деца.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на Македонски Концепт?

Месуд Смајовиќ: Затоа што почитувам свежи идеи кои се повеќе од потребни во моментов кај нас. Верувам дека на сите им е смачено од политиките кои ги водат двете најголеми партии и време е за една поинаква платформа, поблиска до граѓаните.

ПОЛИТИКАДали е ова Ваш прв политички ангажман?

Месуд Смајовиќ: Да

ПОЛИТИКАШто според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Месуд Смајовиќ: За подобра иднина неопходни ни се реформи во сите области на општествено социјалниот живот. Најпрво, независно и департизирано судство, борба и систем за спречување на криминалот и корупцијата, враќање на младите во државата, реформи во образованието, ефективно здравство, економски развој, финансиска стабилност, со еден збор, потребна нѝ е силна држава.

ПОЛИТИКАКои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Месуд Смајовиќ: Редно е да се смени курсот на движење во нашето секојдневие. Наместо да се движиме напред во сите сфери ние се враќаме секој ден повторно назад неколку чекори.

ПОЛИТИКАКоја компонента од она што го нуди Македонски концепт за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Месуд Смајовиќ: Мене ме привлече храброста и искуството на промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески. Храброста да се спротистави на статичните ставови кои ги имаат моменталниве политичари и ставот дека конечно мора да ја смениме политичката атмосфера во државава ако сакаме да тргнеме напред.

ПОЛИТИКАКако вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Месуд Смајовиќ: Искрено ќе дадам се од себе да ги промовирам и ширам идеите на Македонски концепт. Силно сум убеден дека оваа граѓанска опција е вистинската и единствената опција која ни е потребна во моментов и со своето влијание кое го сметам за високо во мојата општина Петровец и третата изборната единица ќе се потрудам моите сограѓани да го согледаат истото.

ПОЛИТИКАЗа што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Месуд Смајовиќ: Поборник сум за фер и демократско општество  и би се залагал за секој еден граѓанин да го добие она што го заслужува. Благосостојбата и мирот на секој од нас секојдневно треба да ни биде водилка при секое донесување на одлуките важни за сите нас.

ПОЛИТИКАОпишете ја Македонија за 5 години од сега.

Месуд Смајовиќ: За 5 години од сега ја гледам Македонија како го има изодено поголемиот дел од патот да стане полноравна членка на ЕУ, има спроведено темелни реформи во повеќе општествени сфери кои почнуваат да даваат резултати, ослободена е од досегашниот партиски мафии,  гледам една жива држава во која граѓаните се задоволни и среќни со значително подобрен квалитет на живот.

фото: Македонски концепт