fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Мицевски: Џафери да си стои на зборот и да закаже седница за распуштање на Парламентот

ВМРО-ДПМНE бара претседателот Талат Џафери денеска да закаже една и единствена точка за распуштање на Собранието, изјави координаторот на пратеничката група на оваа партија, Никола Мицевски. Мицевски вели дека ова барање е согласно  договорот што беше постигнат од политичките партии за одржување предвремени парламентарни избори на 12 април оваа година.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе поднесе Предлог на Одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија на 5 – ти февруари и бараме истата денес да биде ставена на одлучување пред пратениците“, рече Мицевски.

Сакаме да го потсетиме господинот Џафери, дополни Мицевски, дека токму тој кажа дека Собранието мора да се распушти на 12 февруари со што би се испочитувале роковите предвидени со законот и Уставот.

Но, според претседателот на Собранието Џафери, крајниот рок да се распушти Собранието, а да не се одложат изборите договорени за 12 април е 16 февруари.

фото: Архива