Откако мицињата од ВМРО ДПМНЕ му направија изборен цензус за избор на Стево Пендаровски за претседател на Македонија, сега се премислиле и не го признавале. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го дочекаа годишното обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски во Собранието со транспаренти.
Кога тој го започна говорот, од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ излегоа пред собраниската говорница држејќи транспаренти на кои пишуваше „Идентитетот се продава“, „Заев: Стево е неискусен политичар“, „Не е мој претседател“ и слично.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ потоа ја напуштија салата. Пендаровски го продолжи своето обраќање пред пратениците од владејачкото мнозинство, а на самиот старт оддаде и минута молк за починатите од ковид-19.