fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Мицкоски: Во услови кога постои сомнеж за сторен криминал во МВР, Спасовски дава предлог за разрешување на Мизрахи

Техничкиот премиер Спасовски, побара од пратениците разрешување на техничката министерка за труд Рашела Мизрахи. Предлогот денеска стигна до пратениците кои треба да гласаат „за“ или „против“ разрешување на Мизрахи на наредната собраниска седница. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ  по однос на ва прашање вели:

– Во услови кога имаме една дузина луѓе соработници на Оливер Спасовски за кои што постои сомнеж за сторен криминал или некако се поврзуваат со сторен криминал, ние да зборуваме за предлог на господинот за Спасовски за разрешување на Рашела Мизрахи навистина, ниту е принципиелно, ниту пак е согласно Закон за влада, особено сега кога станува збор за 60-тина дена до гласање на предвремените парламентарни избори. Би апелирал за разум, за достоинственост, свесни се дека губат, јас ја разбирам нивната нервоза знаат дека одговорност следи после 12 април. Нема потреба од ваква нервоза бидејќи граѓаните се тие кои што на крајот од денот сите овие политички гимнастики кои се обидуваат овие сценаристи да ги креираат негативно им влијаат. Така што ја користам оваа прилика до господинот Спасовски да апелирам да се воздржи од било какви политички маневри, слугувања на СДСМ и да го гледа државниот и националниот интерес и свесно да не ја внесува државата во едно политичко тешко сценарио, затоа што 60-тина дена има до денот на гласање, колку толку да има елементарни услови за денот на 12 април да има пристоен избирачки ден, истакна Мицкоски.

фото: ВМРО ДПМНЕ