fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Мицкоски не се појави да даде исказ во ПС Центар за настанот во Дебар маало

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не дојде да даде исказ во полициската станица во Центар за случајот кога беше затекнат во затворен дел од кафеана на „Боемска улица”. Од МВР потврдуваат дека наместо Мицкоски во Полициска станица се појавил неговиот адвокат.

На почетокот на месецот инспекторите го затекнаа Мицкоски како седи во внатрешноста на кафана во Дебар Маало иако тоа беше забрането поради ширење на заразата со Ковид 19.

Додека Мицкоски со пријатели седел внатре, инспектори на Пазарниот инспекторат беа спречени да влезат и да направат увид со образложение дека просториите се заклучени, а клучот е кај газдата на објектот. На нив им беше дозволен увид откако Мицкоски излегол од внатрешноста на угостителскиот објект.

Претходно беше најавено дека против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поднесена прекршочна пријава за овој случај.

фото: Архива