fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Мицкоски фатен жив во скандалот на Каракачанов

После скандалот во македонската јавност, каде повеќе од јасно е дека Петар Богојески, претседателот на европските федералисти на Македонија и промотор на Македонски концепт, ја соопштил вистината за закани и уцени кон него, бидејќи се исполни најавата дека во текот на вчерашниот ден ќе започне акција на Красимир Каракачанов, лидер на бугарското ВМРО и вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, за негово компромитирање. Секако дека тој вид на однос на Каракачанов не е ништо ново кон нас Македонците, но она кое ја шокираше македонската јавност беше фактот што таа активност Каракачанов ја споведува преку мадиумите кои се под контрола на Христијан Мицкоски, односно на белата палата.

После лиферуваните дезинформации на неколку портали, како Инфомакс и Курир, Богојески објави демант. Во него се информира за соработката на коалиционите партнери Красимир Каракачанов и Христијан Мицкоски и новниот обид да се прикаже Македонски концепт како “бугарашки проект”, а Богојески во целост ги демантира сите дезинформации, подготвувани во Бугарија, а пренесени од “македонски медиуми” познати како “Куририте”, финансирани од Будимпешта и од една болшевичка нафтена компанија, присутна во Македонија! Поголем доказ за тоа дека ортачки дејствуваат двајцата “вмровци” Каракачанов и Мицкоски, кои не играат бугарско или македонски оро, туку се експерти за казачок коло, нема! Очекувам “куририте” од мермерната палата, подизведувачи на Каракачанов, да одговорат дали оваа акција против нас им ја плати еден “бугарски конзул” во обид?!? – прашува Богојески. 

По најавата за тужба од страна на Македонски концепт и од Богојески, особено после силната реакција на македонските медиуми и граѓани, Мицкоски фатен жив на среде скандал на Каракачанов, ја свитка кичмата и објави демант на неговиот Курир!

Дали е ова официјално признание од страна на Мицкоски за коалиција со бугаринот Каракачанов, познат душман на Македонија и дали двајцата соработувале на други вакви проекти, против македонски граѓани или против Македонија, останува да објавиме наредните денови.