fbpx
Сѐ за политика на едно место!

МПЦ пред признавање од Вселенскиот патријарх?

Признавањето на МПЦ – ОА од страна на Вселенскиот патријарх е прашање на месеци. Русија прави се што може, тоа да го спречи. Во рамки на решавање на турските аспирации на Блискиот исток, САД го поставија македонското прашање на зелена маса.

Русија се обидува да го присвои првенството во Православната Црква, спомна утрово од Крит, американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео, за време на заедничкото интервју со грчкиот премиер Кириакос Мицотакис. Во неговата изјава наведе дека „САД и Грција се согласиле да создадат тесна соработка, за да ги надминат предизвиците што ги наметнува Русија, како што е обидот да ја присвои Православната Црква“. Американската страна го прави секој обид, за да се намали руското влијание во областа, бидејќи и Вашингтон не посакува да се притисне Вселенската Патријаршија, во борбата што ја води Москва, за да го земе првенството во Православната Црква. На тој начин, Русија сака да спречи признавање на македонската света православна Црква, возобновена Охридска Архиепископија.