fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Насковски: Граѓаните позитивно ги изненадува нашата идеологија на здравиот разум, еланот, интузијазмот, младоста и љубовта кон татковината

Интервју со Стево Насковски, дипломиран политиколог и магистер на правни науки на насоката применета политика и дипломатија. Насковски е носител на листа за пратеници од граѓанската платформа „Македонски концепт“ за ИЕ5.

Охрид1: Уште неколку дена од предизборната кампања. Што мислите за досегашниот тек на истата, и за начинот на кој се претставуваат партиите?

Стево Насковски: И покрај традиционалната медиумска блокада во смисла на не повикување на ТВ дуели на други носители на листи и кандидати за пратеници освен оние на претставниците на нај големите партии од страна на Вашите колеги од телевизиските куќи,а и поради сотојбата со Корона вирусот ова на некој начин беше поинаква кампања на која сме навикнати. Досега гледавме кампањи каде партиите манифестирајќи ја својата моќ одржуваа големи митинзи со многу иљадно на улица извадено членсто, за среќа сегашната кампања во тој поглед е подобра, не се измачуваат луѓето да бидат шетани од град во град, а додека во однос на менталитетот останаа нажалост навредите кои можеме да ги чуеме на улица помеѓу партиските активисти на најголемите партии, скапите реклами неизостанаа, а неизоставен момент беше и меѓусебното „бомбардирање“ со видео снимки од меѓусебно шпионско снимање при што наместо да се понудеше на граѓанинот реални проекти за решавање на проблемите кои се наталожија од последниве 30 години, ние чувме колку тоа биле „валкани“ во своите постапки и намери партиските лидери и главни активисти на поголемите партии. Од ова нажалост може да се закључи дека граѓаните неможат ништо да очекуваат добро од досегашните „владејачки“ партии и кампањата водена од нив беше од типот според онаа народната: Крадецот вели фатете го крадецот! Затоа е потребно целосно ресетирање на системот и праќање во пензија на сите досегашни политичари и политички субјекти и нивните сателит партии, а тоа може да се заврши единствено со гласање за редниот број 10 и Македонски концеп.

Охрид 1: За разлика од останатите кои оваа кампања ја водат со омаловажување на другите и објавување бомби, „Македонски концепт“ постојано ја презентира својата програма и планови. Како ве прифаќаат граѓаните?

Стево Насковски:  Граѓаните ја препознаваат нормалноста и ни честитаат за тоа, често на улица наидуваме на коментари од типот:„Браво дечки ја имате нашата поддршка, доста им беше на досегашниве партии, ништо не видовме добро од нив“, ни укажуваат пофално за модерниот начин на водење на кампања и пораките кои ги испраќаме, а најголем интерес им будат нашите проекти за кои знаат дека се остварливи, наспроти нашата конкуренција која нуди несотварливи нешта, при што им велиме на граѓаните дека ако сметаат дека Мицковски ќе го врати името, знамето да го гласаат него, а Заев дека ќе ја врати правдата нему да му го дадат гласот или пак ако сметаат дека предлогот на Левица за воспоставување на дипломатски односи со Северна Кореја и тотална изолација на Македонија е добар ним да им ја дадат довербата или пак за вселенските програми на друга партија. Граѓаните позитивно ги изненадува нашата идеологија на здравиот разум, еланот, интузијазмот, младоста и љубовта кон татковината, штета што кампањата не трае подолго да можеме со секој еден граѓанин да оствариме контакт.

Охрид 1: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Стево Насковски:  Пред се најважно е граѓаните тие што се двоумат дали да излезат и да гласааат да го сторат тоа и пред се се разбира да гласат за нашите кандидати. Видовме бојкотот на гласањето каде ги донесе Хрватска и Србија, во Хрватска беше мобилизирано партиското гласачко тело, додека обичните граѓаните не излегоа и работите се вратија на старо. Истото е и со Србија, каде граѓаните не излегоа на гласање и сега гледаме какви крвави сцени се случуваат поради тоа што не излегоа да го казнат Вучич. Ние во Република Македонија мораме да ја вратиме нормалноста, впрочем тоа е едно од нашите пораки, Дали можеме нормално! Истото беше копирано превземано од конкурентите но не не загрижува тоа, не загрижува што немаат свои идеи, а безидејноста е погубна за државата. Ние нудиме слобода, спокој и солидарност како постулати и поглавја од нашата програма, при што најважно е граѓаните да ја вратат довербата во државата и дадат шанса на новата генерација на политичари и да ги казнат досегашните преку не гласање за нив, како најблага казна за сите злодела што ги сторија на народот и Македонија. Нашите пратеници ќе воспостават нови стандарди во политиката и во општествениот живот како целост, при што граѓаните ќе се уверат дека досега биле манипулирани и дека ако се сакало нешто добро да се стори за татковината ќе се направело, а не само расфрлање со празни флоскули и навредување на интелигенцијата на народот.

Охрид 1: Што треба да направи идниот парламентарен состав и Влада со цел да направи некаква промена во Македонија? За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Стево Насковски:  Треба многу да се направи, но најпрво нешто што би побарале ние како пратеничка група во Македонското собрание како услов за да се состави идната влада би било пакет антикризни мерки за справување со кризата нанесена од состојбата со Корона вирусот и пакет антикоруптивни мерки и мерки за демократизација, најпрво би го споменал измена во Изборниот закон на начин што би имало една изборна единица заради поголема демократизација на општеството и Закон за финансирање на политички партии. Потоа носење на Закон за обештетување на граѓаните, се со цел да бидат обештетени финансиски граѓаните за сите пљачки кои ги имаат доживеано од 1990 година до денес, со прецизни критериуми кого го опфаќа овој закон. Носење Закон за финасиска лустрација на политичари и функционери за да се утврди на каков начин го стекале имотот, Закон за електронско следење на луксуз на функционери, потоа во Кривичниот закон да биде заведено лажно политичко ветување како ново кривично дело, прогласување на пратеници волонтери, односно истите да не примаат плата од државата туку да биде нешто налик советниците во општините и од следниот состав намалување на бројот на истите преку сеопфатна анализа на колкав број пратеници да би се сведел нивниот број и Закон за рехабилитација на жртвите од тоталитарните режими и борците за независна Македонија. Ова се дел од проектите и предлог закононите кои треба да бидат усвоени за да биде составена новата влада за да би имало промена уште првиот месец по изборите. Додека во период на четиригодишниот мандат имаме цел спектар проекти кои треба да се имплементираат за да дојде до драстична промена во позитивна насока за граѓаните на Македонија.

Охрид 1: Вие сте носител на листа за пратеници од граѓанската платформа „Македонски концепт“ за ИЕ 5. Вашиот став за препораките од УНЕСКО. Се спроведуваат ли како што треба? Што треба Охрид и Струга да направат за да се зачува статусот?

Стево Насковски:  Во однос на ова прашање нашите кандидати за пратеници од Охрид и Струга Томе Блажески и Перо Дејкоски реагираа со свои соопштенија во јавноста при што нашиот став беше дека градежните работи во однос на рушење на објектите на плажите требаше да се пролонгираат за наесен по завршувањето на туристичката сезона, која и онака беше кревка поради економските флуктуации настанати поради Корона кризата и потоа да се постапи по препораките на Унеско. Воедно конкретно за закупците на плажите, додека тие стопанисувале со истите потребно било надлежните државни органи да вршат редовни посети и да им укажуваат какви градби и опрема смеат да поставуваат, а какви не смеат при што денес таквиот пропуст се плаќа со брутално рушење на објекти, губење на работни места за што сметаме дека во еден дел Државата треба да го признае својот пропуст и да даде некакво обештетување поточно да се договорат со закупците. Воедно треба да се има во предвид значењето на Охрид, Струга како градови богати со културно наследство кои треба да се заштитат и Охрдиското езеро, во смисла на природен и еколошки рај и да се почитуваат препораките на УНЕСКО доколку сакаме уште долго да располагаме со ова од Бога дадено богатство.

Охрид 1: Кои се главни проблеми за овој регион кои сметате дека треба веднаш да се решат?
При посетата и комуникацијата со граѓаните утврдивме дека премногу проблеми има овој регион кои што морат да се решат и не би можел да кажам кои се повеќе приоритетни од причина што се е важно и секој граѓанин е важен. Поразително е што морам да кажам дека констатирав дека добар дел од селата во овој регион немаат канализација, а некои и водовод за снабдување со вода за пиење. Покрај езерските села како Радожда и Трпејца и селата покрај Црн Дрим кои немаат канализација, го загадуваат самото Охридско езеро и реката Црн Дрим, за што дадовме предлог овој проблем да се реши преку прочистителни станици кои чинат многу поефтино наместо долгогодиншниот и никогаш спроведен колекторски систем кој чини милиони евра и во догледно време нема да се изгради,а заштитата на езерото е една од препораките на УНЕСКО. Прогласување на Градови музеи на Битола, Охрид и Крушево, а таква заинтересираност покажаа и Струга и Вевчани при што старите градби од историско и културно значење независно дали се во сопственост на државата или во приватна сопственост да бидат реновирани и рехабилитирани од државата, а воедно од овој проект во некои од овие градови би се развил и туризмот како дополнителна стопанска гранка. Тука е проектот за изградба на покрај езерско шеталиште или променада крај главната улица од Струга од двете страни од женската плажа до Евро Хотелот со убаво уреднено покрајбрежје со партер уредување. Потоа потегот од женска плажа до извидничкото одмаралиште во Струга да биде уредено партерно со дополнителна изградба на спортски терени и други реквизити. Изградба на сала за Пинг-понг во Струга каде веќе постои сала во сопственост на ППК Струга која може да биде реновирана и да се организираат тренинзи и натпревари. Проект за финасирање на бизниси за селски туризам за целиот овој крај, да биде истиот кренат на ниво бар како што е во Општина Вевчани, потоа наоѓање на решение за отварање на здрвствен дом во Лабуништа. Дадов предлог проект пред извесно време за земјоделците од овој крај и целата држава во однос на откупот на пченицата, јаболка, и црешите и носење на закон по кој по службена должност би се поведувало оставинска постапка при што да би можело земјоделските површини најбрзо да се стават во сопственост на земјоделците, потоа ефтин закуп на државно земјиште и проект за намалување на увозната зависност од земјоделски производи во смисла на носење Закон за посејување на сите земјоделски површини независно дали се во државна или приватна сопственост и заштита при откупот на земјоделски производи од домашно потекло со законска рамка да мора прво домашното да се купи па кога би имало недостаток тогаш да се посегне кон увоз. Имаме проект за развој на заборавените области Долни Дримкол и Малесија, подрачје кое изобилува со шумски богатства, воден фонд погоден за развој на ловишта, печуркарство, отворање на мини погони за дрвна индустрија и производство на пелети. Знаеме тука е сместено и езерото Глобочица погодно за изградба на мини хидроцентрали, а додека подрачјето помеѓу планините Јабланица, Караорман и Стогово ќе предложиме да биде прогласено за национален парк. Исто така еден од горливите проблеми е намалувањето на нивото на водата на Преспанското езеро за што предложивме предлог проект за полнење на истото преку бунари во договор со трите соседни земји кои исто така стопанисиваат со делови од него. Во општина Кичево за заживување на селските средини во атарот на село Цер кое е многу блиску до Крушево од каде има пат преку селото Пуста Река до Крушево кој не е приспособен за леки возила, а во исто време преку Кичево и село Староец се наоѓа стариот пат за Битола на превојот Турла со цврста подлога и кој е пократок пат до селата Цер и Мало и Големо Црско за околу 15 км од постоечкиот пат, преку кој патот до Крушево од Кичево значително се скратува километражата кои што мора да се рехабилитираат. Во овие краеви воопшто не се инвестира од непознати причини, а располагаат со природни убавини, има природни ресурси на руда Манган, како и ископ на Мермер каде постојат и рудник за манган и фабрика за преработка на мермерот кои за жал не работат. Исто така, има потенцијал за изградба на мини хидроцентрали затоа што селата се богати со природни извори на вода и помали рекички, а целото поле наречено Суво Поле изобилува со сончеви долги денови кои се поволни за изградба и на сончеви станици за производство на електрична енергија, а сето тоа е во подножјето на планината Баба со познатиот врв Лубен извонреден за развој на високопланинскиот туризам. Воедно овој крај повеќе од 10 години е отсечен од Кичево и Битола поради немање на автобуски превоз до нив и покрај напорите на месните заедници од селата за да се воспостави повторно автобуска линија, резултираат со неуспех. Имаме цел спектар проекти за развој на културниот туризам во Охрид и Битола, преку планински туризам за Галичца, Баба и Маврово, Манастирски туризам и проекти за летен туризам во Охрид и Преспа и градење нови капацитети за што несакам да должам до детали во ова интервју и би напоменал само дека ова се дел од проеките за локално, регионално ниво за Изборна единица 5 прокрај проектите кои ги нудиме на републичко ниво а се дел од образованието, здравстото, економијата, екологијата и така натаму, но погледнете колку проблеми има овој крај при што не би можел да дадам приорите бидејќи се е приоритет за решавање, натрупувано овие три децении.

Охрид 1: Каде и како ја гледате земјава во следниов период?

Стево Насковски:  Република Македонија и покрај политичките и економските флуктуации кои ги имаше изминатиов период очекувам истите да се смират, да добиеме зрела влада која ќе ги имплементира нашите проекти и како член на НАТО и член на Европската унија очекувам да се види некаков благодет за граѓаните, да се запре емиграцијата и да имаме богати и среќни граѓани, а не како што беше пракса досега богати политичари, а несреќни граѓани. Од сето тоа што го доживеавме досега, промена на име, политички кризи, треба да ја искористиме ситуацијата каква што е во моментот и да поентираме од истата, а не дополнително да запаѓаме во нови политички кризи од кои како некако да нема крај.

Охрид 1: Што очекувате на 15 ти јули?

Стево Насковски: Да се врати нормалноста во државата, да имаме здраво општество, зелена Македонија,среќни и богати граѓани, а тоа ќе се случи и Ви го ветуваме како идна влада составена од активистите на Македонски концепт.