fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Наследничката на Меркел – Крамп-Каренбауер, нема да се кандидира за канцелар на Германија

Наследничката на германската канцеларка Ангела Меркел – Анегрет Крамп-Каренбауер, нема да се кандидира за највисоката функција во Германија.

„Дојче веле“ и „Спутник интернешнал“, кои ја пренесоа веста, засега не дадоа повеќе информации. Крамп-Каренбауер е на чело на Христијанскодемократската партија.

Според извори на Ројтерс, Крамп-Каренбауер нема да се кандидира за местото канцелар во 2021 година, кога ќе се одржат изборите. Истовремено, агенцијата пренесува дека Меркел инсистирала на тоа Крамп-Каренбауер да остане на местото министерка за одбрана.

фото: MDR.de