fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Ново рочиште за „Рекет“, ќе се презентираат нови снимки

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за случајот „Рекет” со презентација на нови снимките обезбедени од сведокот Орце Камчев.  На последното рочиште за овој предмет беа презентирани докази од комуникацијата меѓу обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и други лица, каде меѓу другото се најде и комуникацијата што овој обвинет ја имал со поранешниот премиер Зоран Заев.

Обвинителката Ирена Трајчевска, презентираше и слики каде што обвинетата Катица Јанева се гледа со снопче од 500 евра.

фото: Архива