fbpx
Сѐ за политика на едно место!

Ова не е едно општество за сите, туку општество против сите!

Ако утрото по денот се познава, тогаш знаеме дека оваа бинационална Влада е на погрешен антиевропски и антицивилизациски пат!
Покрај тоа што од една страна е противуставна согласно шести амандман од Уставот на Република Македонија и не се грижи за соодветна и правична застапеност во владиниот состав, од друга страна врши насилство врз приватниот сектор со класична уцена за доделување на субвенции по етнички клуч, а сега дополнително наметнување на работен јазик во приватни компании! Ова е класична етничка дискриминација, антиевропска политика, буквален АПАРТХЕЈД ВО 21 ВЕК!!!
Ова насилството на владејачката коалиција врз приватниот сектор ја води земјата во радикализација на судири по етничка основа.
Ова не е “Едно општество за сите”, туку општество против сите! Решение е итна забрана за етнички партии!!!

Нападната е светоста на приватната сопственост, суспендирана е пазарна економија или слободениот пазар!Редно е стопанските комори од земјава да организираат отпор на ова насилство! 
Доволно нанесовте штета на приватниот сектор, оставете ги на слобода менаџерите во стопнството да донесуваат одлуки по сопствено убедување, а не со наметнување на дискриминаторски политики од Владата! Кога етничката припадност ќе се стави пред човековиот квалитет и професионални квалификации имаме голем проблем во државата. Исто како кога партискиот интерес се става пред државниот. Решение е укинување на секаков тип на позитивна дискриминација!